Поврзете се со нас

Пливање

Лазаровски: Пливањето е семејна традиција во мојот дом, свесен сум за предизвикот кој следи

Објавено

на

Двете поделни страни конечно се обединија и ги „закопаа воените секири“ со цел да се остави во минатото лошиот период, па отсекога Националната пливачка федерација ќе работи како едно тело со здружени сили да му помогне на спортот.

На изборното собрание кое се одржа пред неколку дена, едногласна поддршка од сите клубови и претставници доби Сашо Лазаровски, а како човек кој многу долго е дел од пливањето, денеска прифати да биде гостин во отвореното студио на „Спортското радио 90,3 фм“.

Лазаровски е свесен дека пред него и целата водечка структура е еден навистина голем предизвик, но со ентузијазам и напорна работа, верува дека нештата ќе станат далеку подобри во блиска иднина.

– Пливањето е семејна традиција во мојот дом, јас сум четврта генерација во овие водени спортови. Мојот брат, мојата мајка, мојот вујко и мојот дедо се дел од овој спорт. Јас сум дел од пливањето од 1982-ра година, до мои 13 години бев пливач и потоа се префрлив на ватерполото.

– Традицијата гледам да ја продолжам и со моите деца, така да веќе имаме и петта генерација од моето семејство која е поврзана со пливањето. Не сум нов во средината, затоа можеби сите ме препознаа и ја дадоа својата доверба. Цел живот сум во спортов, го сакам овој спорт и свесен дека имам голем предизвик пред мене. Предизвикот е за целото раководство, за сите клубови и Министерството за Спорт, но ќе работиме обединето за пливачките спортови да дојдат на свое место и покрај наталожените проблеми, – вели Лазаровски.

Целиот разговор со новиот претседател на пливачката Федерација слушнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни