Поврзете се со нас

Млади спортисти

Започна одбројувањето: Сто дена до почетокот на ЕМОФ Скопје 2025

Објавено

на

Со пригоден настан организиран на наменски поставениот терен покрај “East gate Mall“, започна одбројувањето на последните сто дена до почетокот на Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025.

На кошаркарскиот натпревар учествуваат 12 екипи од регионот ко играа баскет „3х3“, а дополнително беа промовирани и другите содржини.

Познато е дека околу 4.000 учесници ќе дојдат за овој настан, кој според организаторите е најважниот во олимпискиот календар меѓу двете Олимписки игри во 2024 и 2026 година. Тие ќе ги одмерат силите во 15 спортови, а сите натпревари ќе се играат во Скопје и Куманово, при што за втората локација познато е дека ќе биде домаќин на кошаркарите и велосипедистите.

Денешниот настан имаше и хуманитарен карактер бидејќи организаторите се вклучија во донаторската кампања за настраданите од пожарот во Кочани, а исто така беше повик за младите момчиња и девојчиња од Македонија да се вклучат како доброволци кои ќе ја помагаат организацијата на настанот. Според најавите, од околу 900 доброволци, се очекува 700 да бидат од Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни