Македонија
Давидовски: Среќен сум што му помогнав на Џиролами, го чекам да дојде во Македонија!
Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски ја финишираше својата седма сезона во Европското ТЦР првенство со освојување на третото место на последната трка во Валенсија.
На патеката „Рикардо Тормо“ каде што се возат и трките од светското првенство во Мото ГП, Давидовски имаше старт од пол позиција во големото финале и со високи очекувања влезе во трката, откако претходниот ден неговиот тимски колега Франко Џиролами ја однесе победата и се доближи до шампионската титула.
– Колку што можам да кажам дека сум среќен со освоеното трето место, толку можам и да кажам дека жалам што ја испуштивме победата во трката. Едноставно, штелувањата на моето возило беа премногу „агресивни“ и можеби се ќе беше добро ако температурата на асфалтот беше за десет степени повисока. Но, во оваа ситуација се соочив дека возилото почна да ми пролизгува веќе во вториот свиок и сфатив дека мора да се приспособам, да почнам да ги притискам сопирачките порано. Преку радио врската комуницирав и со инженерите кои исто така имаа увид во ситуацијата и веќе после првите два круга ја имавме ситуацијата под контрола. Немав возачка грешка и задоволен сум што успеав да му помогнам на Франко со тоа што не дозволив неговиот ривал за шампионскиот наслов, Орелијан Комте, да ме престигне, како и што го освоивме второто место екипно. Инжинерите од тимот ми честитаа и во разговорот подоцна сфативме дека агресивен сет-ап е можеби добар кога стартуваш од позадина, додека кога си напред едноставно сакаш да ја контролираш ситуацијата!
Ова беше прва сезона за Давидовски и Џиролами со автомобилот Купра и екипата Монлау Моторспорт, откако пред четири години заедно направија пробив со тимот „ПСС Рејсинг“, а потоа освоија титула и победи во трки со „Комтују Рејсинг“ и Ауди.
– На крајот од сезоната имам 178 бода и деветто место во генералниот пласман, но свесен сум дека можевме да направиме многу повеќе со тимот, веројатно и да ја освоиме титулата во екипна конкуренција. За жал, дел од моите настапи беа повлијаени од некои ситуации во квалификациите, како кога Балдан се изврте пред мене, а во некои случаи ми беа избришани најдобрите времиња поради нарушување на лимитот на патеката. Буквално, кога ќе тргнат работите наопаку во квалификациите, потоа целиот викенд е тежок. Секогаш ја барам вината прво кај себе, но оваа година навистина ми беше тешко да прифатам некои одлуки, а се покажа дека токму тие на крајот ја прават разликата. Нема поента да се жалам, тоа не го правев ниту кога се случи. Чекав да имам еден „нормален“ викенд и резултатот дојде сам по себе.
Титулата на Франко и второто место во генералниот пласман би требало да се добра основа за преговорите околу идната сезона, но Давидовски очекува деталите да бидат познати подоцна.
– Рано е сега да се зборува за идната сезона, верувам дека нештата ќе бидат најпрво разговарани на многу повисоко ниво. ТЦР Европа беше најсилното натпреварување со преку 20 возила на секоја трка, а се надевам дека така и ќе остане, при што нема да им се даде простор на фабриките, туку на ентузијастите кои живеат за овој спорт. Со Франко Џиролами имаме одлични односи, тој освои две титули во последниве три години. Очекувам да дојде во Македонија пред крајот на годината, па веројатно ќе се договориме и како ќе продолжиме понатаму.
-
Италијапред 19 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 21 час
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 22 часа
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Италијапред 8 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Францијапред 22 часа
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија