Поврзете се со нас

Свет

Нувил ја освои првата титула, Тојота ја „украде“ конструкторската победа во Светскиот рели шампионат

Објавено

на

Тјери Нувил е нов шампион во Светскиот рели шампионат (WRC), со што конечно стави крај на многуте разочарувања и пропуштени шанси кои го следеа низ кариерата.

Нувил ја донесе и првата шампионска титула за Хјундаи, како и за својата земја Белгија, но последниот натпреварувачки викенд донесе и конструкторска титула за најголемиот ривал Тојота.

По проблемите со турбо-полначот во петокот, Нувил успеа да се врати во голем стил во вчерашниот натпреварувачки ден, а утринава профитираше и од излетувањето на клупскиот колега От Танак, кое му помогна да ги обезбеди поените потребни за да ја потврди титулата, односно првото место во генералниот пласман.

Мало разочарување за Нувил е што Хјундаи ја загуби битката со Тојота, а откако излетувањето на Танак го искористија Ожие, Еванс и Кацута, триото на јапонскиот тим кое обезбеди разлика од три поени, што беше минимална предност, но доволна за прво место меѓу конструкторите.

Победник на последниот натпревар во Јапонија е Елфин Еванс, кој стана шестиот различен победник на рели во веќе завршената сезона и со овој успех повторно обезбеди второ место во генералниот пласман. Искусниот Себастијан Ожие го освои второто место во Јапонија, со што заврши на четвртото место во генералниот пласман, додека победничкиот пиедестал во Јапонија е комплетиран со Адријан Формо од тимот на Форд.

Рели Јапонија

1. Елфин Еванс
2. Себастијан Ожие
3. Адријан Формо

Генерален пласман

1. Тјери Нувил   242
2. Елфин Еванс 210
3. От Танак         200

Конструктори

1. Тојота 561
2. Хјундаи 558
3. Форд 295

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни