Поврзете се со нас

Свет

Саинц го заврши настапот на Рели Дакар уште по втората етапа

Објавено

на

Фото: DPPI / Red Bull Content Pool

Легендарниот Карлос Саинц сениор реши да се повлече од годинешното издание на Рели Дакар, а причина се кошмарните 48 часа во кои му се случија многу малерозни моменти и проблеми со автомобилот.

Шпанецот влезе на релито како актуелен шампион, но 48-часовната втора етапа се покажа како точка од која рели ветеранот не може да го продолжи настапот со својот копилот Лукас Круз.

Саинц се извртел со својот Форд Рептор по излетување од песочна дина со брзина од 327 км/ч, при што го оштетил заштитниот кафез, а стјуардите по деталната истрага процениле дека тој е сериозно оштетен и поради не постојат услови за продолжување на релито.

Оценката на одговорните е дека Саинц и Круз би биле во голема опасност при повторување на сличен инцидент, па го искористиле правото да ја елиминираат шпанската посада од настапот на Рели Дакар.

Негативното сценарио е удар и за Форд, кој се врати на релито со големи амбиции, а веќе имаше проблеми и со Нани Рома, кој и покрај техничките проблеми ќе може да продолжи со настапот во третата етапа. Меѓу екипажите на Форд, сега во најдобра позиција е Матијас Екстрем, кој е на петтото место и заостанува 13 минути зад лидерот Хенк Латеган со Тојота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни