Зимски спортови
Легендарниот Хрват се борел со разбранетото Јадранско море: Костелиќ преживеал петчасовна драма во Црна Гора!

Прославениот хрватски скијач, Ивица Костелиќ водел борба за живот во разбранетото Јадранско море во текот на изминатата ноќ, откако заедно со свој француски пријател бил спасен од црногорската војска и Управата за поморска сигурност која активирала црвен аларм за спасувачка акција на отворено море.
Легендарниот Костелиќ се нашол во крајно незогдна и незавидна ситуација откако неговиот кајак се превртел пловејќи по устието на реката Бојана, но поради струите и силниот ветер, заедно со Французинот завршиле на отворено море во кое морале да се борат за живот околу пет часа.
Како што известуваат црногорските медиуми, спасувачката мисија траела речиси пет часа и во истата биле вклучени специјални крајбрежни чамци, патролни чамци, како и воен хеликоптер со термален сензор за лоцирање на луѓе во отворено море, а за среќа, целата акција завршила со среќен крај.
Костелиќ и неговиот пријател биле лоцирани благодарение на термалниот сензор од воздух, по што Управата за поморска сигурност експресно испратила чамци на координатите кои биле дадени од хеликоптерот.
Според соопштението на Управата, легендарниот Хрват и споменатиот Французин неколку часа се бореле со бранови кои достигнувале и четири метри, а сето тоа ја усложнило и онака тешката операција која на крајот завршила со позитивен крај.
Откако биле изнесени од вода, двајцата спасени странски државјани на територија на Црна Гора биле пренесени во болница, но во општо добра и стабилна состојба.
Во целата драма бил вклучен и трет странски државјанин, но вториот Французин кој се превртел од чамецот успеал сам да стигне до копно со пливање.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!