Зимски спортови
Канада го доби големото хокеарско финале против Американците

Канада победи против САД во финалето на престижниот хокеарски турнир „Четири нации“ на домашен терен и на најдобар начин му се реваншираше на големиот ривал за поразот во претходната фаза.
Канаѓаните загубија со 3:1 на првата средба, но утринава ги добија Американците со 3:2 во продолжение, во натпревар кој имаше посебно значење за фановите поради актуелната ситуација меѓу двете земји.
Најавите за воведување поголеми царини и понудите за приклучување на Канада кон САД од страна на американскиот претседател Доналд Трамп доведоа до ситуација Канаѓаните да ја исвиркуваат американската химна на секој спортски натпревар, а тензијата кулминираше токму на хокеарската пресметка, на која како ретко досега настапуваа најголемите НХЛ ѕвезди во двата табора.
Канаѓаните повеле преку МекКинон, противникот направил пресврт со головите на Ткачук и Сандерсон, а Бенет најави продолжение, во кое МекДејвид ги постигнал конечните 3:2 во корист на домашната селекција.
По натпреварот, премиерот во оставка, Џастин Трудо издоминирал на социјалните мрежи со својата порака: Не можете да ја земете нашата земја и не можете да го земете нашиот спорт.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија13 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација8 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации17 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Свет16 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)