Европски купови
Уникаха ја освои ЛШ, поранешен играч на Карпош Соколи беше прогласен за МВП (ВИДЕО)
Екипата на Уникаха е освојувач на трофејот во Лигата на шампионите на ФИБА и тоа откако во големото финале во Белград славеше над Тенерифе со 80:75.
Уникаха игра навистина квалитетна кошарка во оваа сезона и доказ за тоа е што со Реал Мадрид се бори за првото место во АЦБ лигата, а уште една потврда за тоа е секако и освоениот трофеј во ова натпреварување.
Составот од Малага во полуфиналето беше подобар од Мурсија, додека вечерва суреди уште еден познат ривал во името на Тенерифе и со тоа им се приклучи на групата од неколку тимови (Бон, Тенерифе, Сан Пабло Бургос, Виртус Болоња и АЕК) кои успеале досега да освојат по еден пехар во истото.
Најефикасен играч кај победникот беше Пери со 17 поени. Токму Кендрик кој своевремено играше за Карпош Соколи беше прогласен за МВП на завршниот турнир.
Третото место на завршниот Ф4 го освои Мурсија која го доби Перистери со 87:84.
-
Македонија24 часа
Легендарниот Таско ја избра „идеалната“ македонска репрезентација
-
Шпанија18 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија17 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Англија24 часа
Менаџерот кој прв го наследи Фергусон: Тен Хаг врши брилијантна работа!
-
Македонија20 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија16 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија19 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија20 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза