Поврзете се со нас

Англија

Невил за асот на Јунајтед: Никогаш нема да биде на нивото на Агуеро и Халанд

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Гери Невил беше дел од најуспешната ера на Манчестер Јунајтед, ера во која на клупата беше легендарниот сер Алекс Фергусон кој направи, создаде машина за освојување на пехари.

По неговото заминување клубот се мачи, не може да ги достигне тие височини и покрај вложувањата, ангажманот на квалитетни, трофејни стратези кои на крајот сепак не го испорачаа тоа што се очекуваше.

Клубот од Манчестер од година во години се обидува да се наметне, носи скапи засилувања како што е Расмус Хојлунд. Јунајтед се реши да не притиска за веќе докажаниот Хари Кејн кој ќе чинеше повеќе пари, па Англичанецот минататот лето се пресели во Баерн, додека Расмус како талент дојде на „Олд Трафорд“.

Мина една сезона, па од досега виденото Невил не верува дека Данецот може да биде голем, топ напаѓач и притоа ги спомена Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд.

-Мислам дека ова е дете со кое треба да се има трпение. Претходно го погледнав Оли Воткинс. Тој нема да стане Халанд или Агуеро, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Премиер лигата, не верувам во тоа. Ама може да стане Оли Воткинс. Можете да гледате некој таков, мислам дека може да стигне до 20 гола.

-Посакував да беше втор напаѓач оваа сезона. Посакував да учи, го направив интервјуто со Ерик тен Хаг минатата недела. Го спомна Хари Кејн. Ако сега учеше од Кејн или играше со Кејн, мислам дека ќе видевте сосема поинаков играч. Второ, тој има 21 година. Малку е збунет со работата во неговата прва сезона во Премиер лигата, а малку ме потсетува на Дарвин Нуњез. Тој малку ме потсетува на Николас Џексон, -рече Гери и додаде:

-Кога ќе ги погледнете, тие се проекти. Манчестер Јунајтед, во овој момент тој е нивниот единствен напаѓач. Манчестер Јунајтед има само еден напаѓач во клубот. Заборавете на Антони Марсијал. Не е таму со години. Ако го погледнете Нунез и ако го погледнете Хојлунд, навистина интересно за мене е тоа што таа искористеност на шансите е 22%, па кога тој навистина добива шанси, тој е всушност подобар од Џексон и Нунез.

-Сега може да речете, во ред, но мислам дека тоа е нешто со што навистина треба да се работи. Очекуваните голови, се очекува да постигне само 7,4 гола. Испораката на топки за него е лоша, погледнете ги Нунез и Џексон, тие се на 16,3 и 17, двојно, -вели Невил за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни