Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал и Рафиња ја однесоа Барса на второто место (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона максимално профитираше од ремито на Џирона против Алавес и победи на понеделничкото дерби во Ла Лига, со што повторно се искачи на второто место на табелата.

Каталонскиот гигант сега зависи сам од себе во последните три кола во Ла Лига и ќе решава за конечниот изглед на табелата, а второто место е важно поради тоа што гарантира пласман на Суперкупот и сума од 10-тина милиони евра.

Барса вечерва славеше на домашен терен против Реал Сосиедад и го доби дербито со резултат 2:0, натпревар на кој клучен момент беше погодокот кој го постигна Ламин Јамал по една добра комбинација меѓу Левандовски и Гундоган.

Полјакот и Германецот одиграа брза контра и Илкај паметно го проигра Ламин, кој биеше од прва и без проблеми го матираше голманот на Реал Сосиедад.

Резултатот 1:0 беше активен до судиското продолжение во вториот дел, а тогаш Барса доби пенал и Рафиња ги постави конечните 2:0. Со оваа победа, Барселона се искачи на второто место и има еден бод повеќе од Џирона, па тимот на Чави сега сам ќе решава за својата судбина кога е во прашање второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни