Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ промаши клучно слободно фрлање, Оклахома го врати брејкот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Тимот на Оклахома Сити Тандер го освои Тексас и успеа да израмни на 2-2 во полуфиналната серија против Далас Маверикс во западната конференција во НБА лигата.

Жестока борба се водеше во „Американ Ерлајнс Центарот“ во Далас, решаваа нијанси кои овојпат беа на страна на гостите кои се изборија за славје од 100:96 и со тоа одново ја вратија предноста на домашен терен во оваа пресметка.

Трагичар беше Дончиќ кој на 10 секунди до крајот реализираше само едно од две слободни фрлања во ситуација кога можеше да го израмни резултатот на 96:96.

ОКЦ подобро се снајде во таа завршна пенал серија и сега пред своите гледачи ќе има можност да дојде до ново водство.

Гилџес-Александер беше прв стрелец со 34 поени, плус собра 8 скока и запиша 5 асистенции. Двоцифрени беа и Холмгрен, Вилијамс и Дорт. Кај поразените разочара Ирвинг со само 9 кошеви, Вашингтон имаше дабл-дабл од 21 поен и 12 скока, додека Дончиќ забележа трипл-дабл од 18 кошеви, 12 скока и 10 асистенции.

Во другиот меч, Бостон го доби ослабениот Кливленд со 109-102 и сега е само на една победа од место во финалето на Истокот.

Кавси играа без најдобриот играч Мичел како и без центарот Ален, се обидидуваа да парираат на големиот фаворит, меѓутоа Бостон поседува огромен квалитет и дојде до посакуваниот резултат.

Тејтум и Браун искомбинираа 60 поени, Гарланд за домаќините беше автор на 30 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни