Поврзете се со нас

АТП

Најголема победа во кариерата: Чилеанец го разби Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/latercera

Рафаел Надал вчера доби вистинска лекција од Хуберт Хуркач на Мастерсот во Рим, место пак на кое денеска Новак Ѓоковиќ исто доби тениска лекција и тоа од 32. рекет на светот, Алехандро Табило.

Србинот важеше за апсолутен фаворит во оваа соочување без разлика на добрата форма на противникот, меѓутоа најдобриот тенисер беше надигран од Чилеанецот во пресметката која траеше нешто повеќе од еден час.

Табило „леташе“ на теренот во Рим и со 6:2 и 6:3 дојде до најголемата победа во кариерата.

Тој стана прв ас од Чиле кој успеал да слави над светски рекет број еден од Фернандо Гонзалес кој во 2007 година го совлада Рожер Федерер.

Во следната рунда Табило ќе се соочи со Карен Хачанов од Русија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни