Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо може да седне на клупата на турски великан

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без тренерски ангажман и тоа откако калчолигашот Рома му се заблагодари за неговите услуги во оваа 2024 година.

Португалецот сега е слободен агент, па со оглед на неговата историја, успеси, освоени титули не би требало да има проблеми да пронајде работа со која одново би бил во фокусот на вниманието.

Тој досега освен во татковината има работено во Англија, Италија и Шпанија, а новата дестинација може да биде Турција.

-Се сретнав со Жозе Мурињо лице в лице минатата недела. Му реков: „Ти си му потребен на Фенербахче, а Фенербахче ти е потребен на тебе“. Искрено ме слушаше Моите пријатели разговараат со неговите агенти, ќе го доведам Жозе Мурињо, порача Азиз Јилдерим кој сака да ја добие довербата и биде претседател на Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни