Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос со порака до трагичарот на Баерн: Ти си најдобриот! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос внимавателно ги контролираше емоциите по последниот судиски свиреж на „Сантијаго Бернабеу“ и беше доста џентлменски настроен, пред се поради фактот што голем број соиграчи од репрезентацијата има во редовите на Баерн Минхен.

Искусниот играч за врска послужи како утеха за дел од ѕвездите на Баерн, а речиси една недела по натпреварот, Крос испрати и интересна порака до Мануел Нојер во моментите кога славеше освоена титула.

Реал Мадрид вчера имаше шампионска парада по повод 36-та освоена титула во Ла Лига, но додека го правел тоа, пронашол време да му испрати порака на својот колега.

Мануел Нојер стигна до својот 500-ти настап во Бундеслигата неколку дена по хорор вечерта за него на „Бернабеу“, натпревар на кој на крајот беше и трагичар поради големата грешка која ја направи.

Нојер им се заблагодари на навивачите на Баерн за големата поддршка која му ја дале за време на мечот со Волфзбург, а еден од најинтересните коментари под објавата го испрати токму Крос.

– Ти си најдобриот!!!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни