Македонија
МЗТ со нова победа над ТФТ до експресен пласман во финалето

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се први финалисти во македонскиот кошаркарски плејоф, а до таков статус дојдоа по денешната трета победа во полуфинална серија со ТФТ (58:72).
По две победи на домашен терен, актуелниот шампион успеа да го обезбеди и потребниот брејк и со максимални 3:0 да го затвори полуфиналето, по што сега ќе го чека противникот во финалето.
МЗТ уште на полувреме имаше 12 поени предност и најави дека е дојден по победа во „Кале“, а го дотолчи противникот во третиот период кој заврши со резултат 39:60.
До крајот гостите рутински ја заверија победата со конечни 58:72 и ги израдуваа своите фанови со потврдениот експресен пласман во финалната серија.
Баковиќ со 14 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а по 10 поени реализираа браќата Стојановски и Делалиќ. МЗТ во финалето ќе ја брани титулата во дуел со подобриот од соочувањето на Пелистер и Работнички.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон