Поврзете се со нас

Англија

Не реализираше од еден метар: Фудбалер на Астон Вила го има најголемото промашување на сезоната во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Астон Вила и Ливерпул одиграа еден супер интересен меч во кој паднаа шест голови за конечни на крајот 3-3.

Мрежите на Мартинез и Бекер се тресеа уште по еднаш, но со ВАР тие погодоци беа поништени што јасно говори за отворениот и напаѓачки фудбал кој го имавме на „Вила Парк“.

Во Бирмингем го имавме и промашувањето на сезоната во Премиер лигата, а за истото се погрижи дефанзивецот на домаќините, Диего Карлос кој не реализираше чист зицер во 36 минута.

По топката која ја доби од Бејли, тој требаше само рутински да ја смести во празната мрежа, меѓутоа се посрамоти и притоа го изнервира Воткинс кој беше веднаш зад него и сигурно ова ќе го реализираше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни