Поврзете се со нас

НБА

Леброн се врати дома и доби овации и аплаузи од навивачите на Кливленд (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс со неговиот Лос Анџелес Лејкерс доживеа елиминација уште во првата рунда на плејофот во НБА лигата, па ова значи дека кралот веќе е на одмор и ги полни батериите пред следниот голен предизвик, а тоа е настапот на Летните Олимписки Игри во Париз.

Џејмс го искористи слободното време и дојде во живо да го проследи дуелот на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс кој на крајот им припадна на гостите со 109:102.

Кливленд е тимот на неговиот живот со оглед на тоа што мина два „мандати“ во овој тим со тоа што во вториот му донесе и НБА титула.

Тој беше громогласно поздравен од навивачите на Кавси, па останува да се види дали ова е можеби најава за враќање во оваа средина затоа што голем знак прашање е дали ќе продолжи со Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни