Поврзете се со нас

Англија

Мартинез направи почетничка грешка, Дуран со два гола ја приближи Астон Вила до ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Понеделничкиот натпревар меѓу Астон Вила и Ливерпул донесе се што може да посакаат неутралните фудбалски фанови, бидејќи покрај драмата и шесте постигнати гола, видовме и неколку неверојатни шанси, еден голем кикс и едно големо промашување.

Ливерпул поведе на „Вила Парк“ со автоголот на Емилијано Мартинез кој направи почетничка грешка по центаршутот на Харви Елиот, но Астон Вила брзо се врати во игра и успеа да израмни преку голот на Тилеманс.

Во тој период, се чинеше дека домаќинот ќе ја нагази топката како тим кој има повеќе мотив да оствари победа, но сепак далеку полуцидни пред противничкиот гол беа избраниците на Јирген Клоп.

Гакпо го врати Ливерпул во предност и гостите поведоа со 1:2, а набрзо после тоа следеше неверојатна утка на дефанзивецот Карлос од непосредна близина.

Поради создадените шанси, Астон Вила не заслужи да губи на полувреме, но уште поголем шок пристигна на стартот на вториот дел. Центаршутот на Елиот заврши со гол на Кванса, па домаќините се најдоа пред пеколно тешка задача во продолжение.

И покрај се, Унаи Емери не се откажа и му даде шанса на „џокерот“ Дуран, а овој одговори со два извонредни гола со кои израмни на 3:3 и му донесе голем бод на својот тим.

Астон Вила сега е на само еден бод од математичко обезбедување на Лига на шампиони, нешто што може да го оствари и утре доколку Тотенхем утре не оствари победа над Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни