Поврзете се со нас

Лига на нации

Лига на нации: Србија повторно со Швајцарија, Израел аутсајдер во „групата на смртта“ (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/WhoScored

Македонија ги доби своите ривали во „Лигата Ц“ во Лигата на нации, поточно се најде во добра група во која ќе ги одмери силите со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Група по мерка: Македонија ги доби противниците за новото издание на Лигата на нации (ФОТО)

По ова во Париз беше направена ждрепката и за „сегментите“ А и Б во ова натпреварување на УЕФА каде дефинитивно најголемо внимание привлече она каде што беа најелитните селекции, поточно во првиот шешир.

Шпанија како бранител на пехарот е во конкуренцијата А4 каде ќе се соочи со Данска, Швајцарија и Србија, односно ова значи дека одново ќе имаме битки на Швајцарците и Србите, мечеви кои често ги гледавме на претходните големи натпреварувања.

Првите мечеви ќе се играат во септември, а овој прв дел ќе биде затворен во ноември.

„Групата на смртта“ дефинитивно е онаа во која се Италија, Белгија, Франција и Израел кој тука е апсолутен аутсајдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни