Германија
Ништо од предлогот на Матеус: Баерн остана без уште една тренерска опција
Баерн Минхен првпат после 11 години остана без титулата во домашното првенство и културно и џентлменски му честиташе на Баер Леверкузен, но истовремено се насочи кон она што ќе следи наредната натпреварувачка сезона.
Натпреварувачкиот дух на баварците не им дозволува да останат мирни после сезона во која доминираше друг тим во Германија, но прва цел на Баерн и натаму останува пронаоѓањето на идеален тренер за новиот проект.
Томас Тухел ги брои последните месеци во клубот и си заминува на крајот од сезоната, а ако во минатото Баерн секогаш имаше договорена резерва, сега се уште е во потрага на идеално решение.
Интересно, Баерн во изминатиов период беше официјално одбиен од Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, но попладеново од листата се исклучува уште едно име кое беше издвоено како потенцијален наследник на Тухел.
Унаи Емери беше во игра за тренерската позиција на Баерн и Лотар Матеус го советуваше клубот да тргне по Шпанецот, кој денеска сепак реши да се оддалечи од овие гласини, потпишувајќи нов договор со Астон Вила.
Шпанскиот стручњак си подал рака со спортскиот директор Мончи, по што ќе остане во Астон Вила најмалку до 2027-ма година.
-
НБАпред 15 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Левандовски: Барселона е најголемиот клуб на светот, горд сум…
-
Светпред 10 часа
Гомез за „билдерот“ Озил: Не знам која е неговата цел (ФОТО)
-
Англијапред 15 часа
Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ
-
Германијапред 14 часа
Алонсо: Одигравме интелегентно и зрело, ама…
-
Англијапред 16 часа
Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем
-
Италијапред 11 часа
Ултрасите нема да навиваат за Милан на мечот против Џенова
-
Светпред 14 часа
Големо име: Уште еден добар пријател на Меси може да се пресели во Интер Мајами