Поврзете се со нас

Шпанија

Неочекуван удар за Барса: Фудбалерот кој требаше да биде продаден за 10 милиони евра заработил тешка повреда (Видео)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/sergino_dest

Сержињо Дест самиот најави дека не размислува да се врати во Барселона после извонредната сезона која ја мина во ПСВ, но неговиот план за останување во Холандија сега добива непосакуван тек.

Десниот бек требаше да донесе 10 милиони евра во касата на Барселона по крајот на заемот, но сега прашање е дали холандскиот клуб ќе ја активира оваа клаузула по тешката повреда која ја заработил Сержињо.

Дефанзивецот за жал го скинал предниот вкрстен лигамент и ќе мора да прави операција на коленото, што автоматски значи дека во најмала рака нема да игра фудбал до крајот на 2024-та година.

Ова е многу лоша вест за него и амбициите кои ги имаше, но исто така лоша и за Барселона која сега може да остане без планираните 10 милиони евра, ако ПСВ на крајот одлучи дека нема да плати толку за тешко повреден фудбалер.

– За жал го искинав предниот вкрстен лигамент на коленото и набрзо ќе ме оперираат. Ќе се исфорсирам максимално за да се вратам на посакуваното ниво што побрзо. Ова ќе биде тежок период за мене, но знам дека ќе се вратам посилен, – порача Дест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни