Поврзете се со нас

НБА

Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс и Феникс Санс го завршија својот настап во НБА плејофот уште во првата рунда, резултат кој донесе многу критики за двате екипи, посебно откако првите остварија една, а вторите ниту една победа во сериите со Денвер и Минесота.

Голем број фанови, но и стручни коментатори побараа тренерски смени, но сега добија жесток одговор од Чарлс Баркли, кој смета дека нивната реакција е само за да им се додворуваат на кошаркарите.

– Многу од луѓето кои зборуваат на телевизија се кукавици, сакаат да им се додворуваат на кошаркарите, наместо да си ја работат својата работа.

– Сите кои мислат дека Лејкерс и Феникс се катастрофа поради Дарвин Хем и Френк Вогел, не разбираат ништо. Двете екипи се катастрофа поради играчите, ова нема никаква врска со тренерите.

– Вогел и Хем се одлични тренери, па за вас фраери, идиоти и будали кои сакате да бидете во медиумите, работете си ја својата работа како што треба, – рекол Баркли, кој смета дека „клоцата“ треба да ја добијат тие кои им ги составиле катастрофалните ростери на Лејкерс и Санс.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни