Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг излезе со коментар за неверојатното издание на Санчо во полуфиналето во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Џејдон Санчо се врати во посакувана форма во Борусија Дортмунд и покажа дека го оставил зад себе кошмарниот период во Манчестер Јунајтед, а тоа посебно го виде и цела европска јавност во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Крилниот фудбалер беше незадржлив за играчите на ПСЖ и беше евидентно како со голема леснотија се ослободува од нив, па за првпат видовме како еден фудбалер забележува повеќе од 12 дриблизни на еден меч после Лео Меси.

Санчо доби безброј пофалби за своето издание во победата на Борусија, па со коментар мораше да се јави и човекот поради кој си замина од Јунајтед.

– Мора да се каже дека играше навистина добро и знаеме дека тој е добар фудбалер. Со тоа издание покажа зошто Манчестер Јунајтед го купи од Борусија и покажа дека поседува квалитет за голем клуб како Јунајтед.

– Тоа е добро за нас и јас сум среќен за Џејдон. Среќен сум за перформансите кои ги прикажа, ќе видиме што ќе значи тоа за иднината, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни