Поврзете се со нас

АТП

Медведев: Ова никогаш не ми се случило…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Данил Медведев забележа три победи на Мастерсот во Мадрид, поточно беше на чекор од полуфинале на турнирот кога заработи повреда и мораше да му го предаде вчерашниот меч на Јири Лехечка.

Русинот се соочи со проблеми во текот на првиот сет, ама одлучи да го одигра и откако противникот истиот го затвори со 6-4 реши да се повлече.

-Мојата нога одби да работи. Почувствував болка во моментот кога ретернирав. Тој одигра сервисен волеј, ја скрати топката и јас тргнав напред. Се обидов да забрзам, но одеднаш почувствував блокада на колкот. Не можев да спринтам, како кога чувствуваш грч или дисторција, не знам кој од овие две е точен.

-Го прашав дали состојбата може да се влоши, ми рече дека може ако е истегнување, но не може ако е грч. Се обидов да трчам кон мрежата, не почувствував болка, но сфатив дека е подобро ништо да не ризикувам. Бев 100 отсто подготвен на почетокот на натпреварот. Ова никогаш не ми се случило. Сè беше одлично, а потоа одеднаш, -рече Данил кој е неизвесен за настап во Рим.

-Нема сомнеж дека моето учество таму е знак прашање. Морам да одам на преглед и да разговарам со моите тренери. Би било феноменално да се игра во Рим по минатогодишниот триумф, но прво треба да ја видам ситуацијата со повредата, -заклучи Русинот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни