Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен е недопирлив, Норис ги раздели возачите на Ред Бул на подиумот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/redbullracing

Макс Ферстапен повеќе од рутински триумфираше на трката за Големата награда на Кина во Формула 1 шампионатот, зацврстувајќи се на првото место во генералниот пласман на шампионатот.

Возачот на Ред Бул тргна од пол-позицијата и без никаков проблем го сочува првото место до крајот на трката, додека останатите возачи се бореа за другите позиции, при што најзадоволен може да биде Ландо Норис.

Мекларен обезбеди втора позиција на трката со одличното возење на Норис, кој успеа да го остави зад себе Серхио Перез и да ги раздели двајцата возачи на шампионот Ред Бул.

Ферстапен стигна до 58. победа во Ф1 кариерата, но првпат триумфира во Кина, каде шампионатот се врати по пауза од пет години.

Зад водечкото трио се најдоа членовите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саин, а во првата десетка се и Расел, Алонсо, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни