Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров излезе со прв коментар за групата во која се најде Македонија, селекторот посакува победа и над фаворитот

Објавено

на

Извлекувањето во Копенхаген донесе добра вест за Кирил Лазаров и македонските ракометни репрезентативци, бидејќи нашата репрезентација доби група по мерка во квалификациите за Европското првенство.

Македонија се најде во групата 1 во која како изразит фаворит се издвојува Словенија, но Македонија ќе биде главен фаворит за освојување на второто место бидејќи останати два ривали се Литванија и Естонија.

Нашиот тим и во минатото има покажано дека може да понуди егал натпревари со Словенија и тоа секако ќе биде мотив плус за избраниците на Лазаров, кој вечерва не криеше дека е задоволен од патот кој го доби Македонија за нов континентален собир.

– Задоволен сум од ждрепката и мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Како и да е, не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија.

– Со Словенците ќе се обидеме да издвојуваме барем една победа, знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди Олимписка виза за Олимписките игри во Париз, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни