Поврзете се со нас

Балкан

Барди: Во еден период бев подобар од Меси…

Објавено

на

Енис Барди веќе две години е дел од турскиот прволигаш Трабзонспор во кој пристигна од Леванте, клуб во кој имаше успешна етапа во периодот од 2017 до 2022 година.

Македонскиот репрезентативец имаше навистина квалитетни партии за клубот од Валенсија, а посебно во еден период се истакнуваше со ударите, головите од слободен удар. Во еден период беше рамо до рамо со Лионел Меси кој е познат како специјалист, но и Барди е мајстор и смета дека своевремено бил подобар и од аргентинскиот ас.

-Имаше моменти кога бев подобар од него (се смее). Затоа што јас дадов 7 гола од 25 удари, а тој 8 гола од 52 обиди. Гледајќи го процентот, бев подобар. Да го наречеме виц со малку вистина (се смее). Се чувствувам навистина добро кога прават такви споредби. Секако, убаво е чувството да се споредуваш со еден од најдобрите играчи на сите времиња. Се чувствувам многу добро и горд. Ова ви дава амбиција да работите понапорно и да се приближувате до тоа секој ден, а кога на само 22 години постигнувате 7  голови од слободн удари во една сезона, секако дека има малку со крената глава (се смее). Затоа што си млад и не знаеш како да се однесуваш. Но, во моментов сум во најмирниот и најдобриот период во мојот живот. Кога ќе погледнам наназад, можам да кажам дека сум горд на она што го направив, -рече Барди кој кои мечеви и голови нема да ги заборави.

-Натпреварот со Барселона кога играв за Леванте. Победивме со 5-3, а јас постигнав 2 гола. Не можам да го заборавам натпреварот што го одигравме против Џирона кој значеше испаѓање или опстанок. Победивме со 2-1 и јас го постигнав победничкиот гол во 87. минута. Плачев на теренот, -обелодени Енис кој има договор со сегашниот тим до 30 јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни