Поврзете се со нас

Германија

Зидан се огласи и ги разреши сите дилеми околу тренерската позиција во Баерн

Објавено

на

Foto:instagram.com/zidane

Баерн Минхен ќе остане без тренер по крајот на натпреварувачката 2023/2024, нешто што е веќе познато некое време и тоа откако клубот одлучи повеќе да не му верува на Томас Тухел кој остана да ја извршува функцијата до крајот на сезонава.

Дефинитивно тешко им оди на „баварвите“ со пронаоѓање на соодветна замена, неколку имиња веќе отпаднаа, имиња кои беа на врвот на листата како Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, потоа „НЕ“ кажа и актуелниот селектор на Австрија, Ралф Рангник…па ова прашањ и понатаму е отворено.

Низ целиот период, процес се споменува и легендарниот Зинедин Зидан кој е без ангажман веќе некое време и тоа откако супер успешно го водеше Реал Мадрид.

Французинот е мирен и дефинитивно има јасен став околу тоа дали би се преселил на „Алијанц Арена“.

-Кој ќе победи меѓу Реал и Баерн? Се надевам Реал. Ама ќе биде тежок меч. Дали ќе бидеш тренер на Баерн Минхен во иднина? Не, ќе го гледам натпреварот, -порача Зизу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни