Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шпански новинар се „камуфлираше“ на пресот на Луис Енрике, одговорот кој го даде Лучо стана вирален (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике е премногу самоуверен и смета дека неговиот ПСЖ ќе направи пресврт за пласман во финалето во Лигата на шампионите, но доколку не се случи тоа, нема да смета дека тимот доживеал големо разочарување.

Шпанскиот стручњак е „прогонуван“ од шпанските новинари и на француско тло и мора да одговара на прашања на својот мајчин јазик, но вчера еден новинар се „камуфлираше“ и иако беше Шпанец, му постави прашање на француски.

Стануваше збор за новинар на „Ел Чирингито“, а контекстот на прашањето не го остави рамнодушен Лучо, кој презентираше одговор кој привлекува големо внимание.

Шпанскиот новинар го запраша Луис Енрике дали ќе биде големо разочарување ако ПСЖ загуби од Борусија и не пласира во финалето, по што тренерот возврати:

– Ова ем ногу шпанско прашање, во ваш стил. Одиме само на негативно, што може да биде најлошо…… Ако не поминеме, продолжува животот напред. Ќе изгрее сонцето, сонцето во Париз е прекрасно. Ние како спортисти ќе му аплаудираме на противникот ако не поминеме во финалето, дури и ако не го заслужува тоа. Ќе им честитаме, ќе се разбудиме нервозни следното утро, но горди дека сме се разбудиле уште едно утро, со помисла дека повторно ќе се обидеме следната година. Тоа е нашата цел. Инаку, твојот француски беше многу добар, – му одговори Лучо на новинарот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни