Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лајмер: Убеден сум дека ќе имаме простор за игра на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Конрад Лајмер беше еден од најдобрите играчи на Баерн на првиот полуфинален натпревар против Реал Мадрид, пред се во деструктивна смисла со својот агресивен пристап во средниот ред.

Лајмер доби безброј дуели со играчите на Реал и доби навистина висока оценка од УЕФА, а сега се очекува да биде многу важен и на реваншот кој се игра во среда на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако не беше стандарден во првиот дел од сезоната, Лајмер сега се претвори во клучен играч во системот на Томас Тухел, па како таков смета дека тој и соиграчите ќе имаат шанса за докажување и во Мадрид.

Реал влегува со блага улога на фаворит по почетните 2:2 на „Алијанц арена“, но Лајмер верува дека гостите можат да профитираат од просторот кој ќе го остават офанзивно настроените домаќини.

– Мораме да бидеме стабилни во дефанзивниот дел, тоа е клучно. Мора да бидеме мирни со главите, секој мал потег може да биде одлучувачки. Сигурен сум дека ќе имаме простор за игра, убеден дека сум ќе имаме доволно шанси како на првиот меч. Реал е тим кој остава простор и ние ќе мора да го искористиме нашиот квалитет со против напади, – изјави Лајмер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни