Поврзете се со нас

Формула 1

Јос Ферстапен загрижен од Ф1 „бомбата“: Ред Бул е во опасност да се распадне! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Тоа што се шушкаше изминатите неколку дена, денеска беше официјално потврдено од страна на Ред Бул, па така актуелниот Ф1 шампион соопшти дека Адријан Њуи си заминува по крајот на оваа сезона.

Легендарниот дизајнер за Ф1 болиди и експерт за аеродинамика беше клучен фактор во сите најважни успеси кои ги оствари Ред Бул во изминатите две децении, а после точно 19 години се решава за друг чекор и нов предизвик во кариерарта.

Британскиот инженер самостојно побарал прекин на соработката и од Ред Бул не форсирале во обидот да го премислат Њуи, па така денсека пристигна официјална потврда дека се става крај на една успешна приказна во Формула 1.

Оваа вест секако е причина плус да продолжат шпекулациите дека Њуи ќе се пресели во Ферари, но истотвремено почнаа да излегуваат и првите поплаки од најблиското опкружување на Ред Бул, и тоа од Јос Ферстапен, таткото на недопирливиот шампион во овој момент.

– Тимот е во опасност да се распадне. Се плашев од ова на стартот на сезоната. За да има внатрешен мир во тимот, клучните луѓе мора да останат на своите места. За жал, гледаме дека тоа не е случај во Ред Бул во овој момент. Њуи си заминува, а на стартот на сезоната изгледаше дека ќе си оди и Хелумт Марко. Ова не е добро за иднината, – вели Јос Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни