Поврзете се со нас

Дејвис куп

Синер спаси три меч топки и го победи Ѓоковиќ во Дејвис купот

Објавено

на

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ продолжуваат со импресивната серија меѓусебни мечеви, а по ефектот од една победа и еден пораз на Мастерсот во Торино, денеска подобар повторно беше Италијанецот.

Синер и Ѓоковиќ се сретнаа во полуфиналето на Дејвис купот, односно дуелот меѓу Италија и Србија, а Ѓоковиќ испушти сериозна предност во финишот и на крајот мораше да го прифати поразот.

Двајцата тенисери беа убедливи во еден од првите два сета, при што Синер поведе откако го доби првиот сет со 6:2, додека Ѓоковиќ возврати на ист начин во втората делница.

Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ водеше со 5:4 и 40:0 и ретко кој можеше да претпостави дека српскиот тенисер може да дозволи целосен пресврт од противникот.

Синер се извлече на свој сервис и израмни, а веќе во следниот гејм направи брејк, кој го круниса со конечен резултат 7:5 во последниот сет.

Италија израмни во полуфиналето, па победникот ќе биде решен во дубл мечот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни