Боречки спортови
Нов закон за спорт: Мојсоски најави државни субвенции од 10 милиони евра!

На прес конференција во Медија-центарот на Владата денеска беше промовиран новиот Закон за спорт.
Овој Закон бил подготвен од Министерството за правда, а со него се вршат промени во досегашниот начин на поддршка на спортистите преку Данокот на добивка.
Говорејќи за новиот Закон, заменичката на министерот за правда објассни дека Министерството за финансии го оценило досегашниот ваучерски систем со визок ризик на коруптивност и заради тоа ја задолжиле Агенцијата за спорт и млади да изнајде нов начин за поддршка на спортот.
– Фантастичи 10 милиони евра ќе влезат како директна финансиска поддршка од државата за спортистите, спортските клубови и спортските федерации,- најави Мојсоски. – Во соработка со Министерството за правда го модифициравме досегашниот ваучерски систем и стигнавме до директна државна субвенција, пари кои директно ќе се слеваат во спортските субјекти. Со ова целосно се отстрануваат сите сомнежи во процедурата и парите се ставаат на располагање на оние кои искрено работат и го сакаат спортот.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт рече дека ова е историска сума, која ја потврдува заложбата на Агенцијата и сродните институции за клубовите и спортистите.
– Сите кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да бидат корисници на овие субвенции и да создадат услови за развој на меѓународен и домашен македонскиот спорт,- дополни Мојсоски.
Тој изнесе податок дека во 2023 година биле поддржани преку 900 спортски субјекти или 20.000 спортисти.
Видеото од целата прес конференција е достапно на YouTube.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити