Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд лут поради критиките: Ова е веќе злоупотреба

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд сезонава заработи многу критики за својата форма во дресот на Манчестер Јунајтед, а покрај стручните коментатори и медиумите, многу тешки зборови за неговите настапи може да се прочитаат и од фановите на социјалните мрежи.

Англискиот репрезентативец постигна само 4 гола на 40 натпревари, но смета дека критичарите претерале со своите реакции и тоа го напиша како одговор на твит на профил на фан на Манчестер Јунајтед.

– Ти благодарам за поддршката.

– Ова е злоупотреба и трае со месеци. Што е многу, многу е, – напишал Рашфорд како одговор на фанот кој потенцирал дека односот на мнозинството навивачи кон фудбалерот е одвратно и сурово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни