Поврзете се со нас

Олимписки игри

И на Пешиќ му „пукна филмот“: Здодевни сте со Јокиќ…

Објавено

на

Foto:twitter.com/KSSrbije

Селекцијата на Србија ќе настапи на Олимписките Игри во Париз со тоа што допрва ќе треба да се утврди составот кој ќе се обиде да освои медал на овој голем настан.

Најчестото поставено прашање е дали ќе игра најдобриот играч Никола Јокиќ, прашање кое постојано му го поставуваат на селекторот Светислав Пешиќ на кого едноставно му „пукна филмот“ и посочи каква е актуелната, реалната ситуација.

-Јавното мислење и медиумите најмногу ги интересира дали Јокиќ ќе игра. Здодевни сте со тоа. Секако е важно кој ќе игра. Можете да правите планови, но мора да имате аргументи, а најважните аргументи се играчите кои се способни да ја вложат целата своја психичка и физичка сила и да бидат здрави. Повеќето лиги завршуваат во третата недела од јуни. Доколку Денвер оди во финале ќе игра до 20 јуни, подготовките ги започнуваме на 17 јуни. Се бараат резултати, автоматизација не постои. Кажуваш што сакаш и стигнуваш до целта, мора да се подготвиш, -рече Јокиќ и додаде:

-Не постои „план Б“. Кај Јокиќ планот за напад и одбрана е поинаков. Сепак, тренерите се подготвени на се, ништо не треба да ги изненадува, -истакна популарниот Кари за „Новости“.

Само за потсетување Србија во група со САД, Јужен Суден и уште една селекција која преку последниот филтер ќе се обиде да стигне во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни