Поврзете се со нас

Атлетика

Таткото на Киптум бара сериозна истрага за смртта на неговиот син: Четири непознати лица го бараа пред неколку дена

Објавено

на

Foto:twitter.com/Olympics

Келвин Киптун трагично го загуби животот на 11-ти февруари и ја зави во црно цела атлетска јавност, не само поради тоа што имаше 24 години, туку и поради фактот што требаше да прерасне во нов „крал“ на маратонската делница.

Киптум веќе постави најдобар рекорд на сите времиња на само третиот официјален маратон во својата кариера (2 часа и 35 секунди), но најавите беа дека ќе стане и првиот човек кој ќе ја спушти делницата од 42 километри под два часа.

За жал, светската спортска јавност нема да дочека вакво нешто од Киптум поради страшната сообраќајна несреќа која се случи во Кенија, но врз неговата смрт сега се отворија и големи сомнежи, и тоа пред се поради изјавата на таткото Самсон Черуијот.

Откриени детали од страшната несреќа во која животот го загуби Киптум (Фото)

Расплаканиот родител со солзи во очите дал изјава пред кениските новинари по немилиот настан, при што побарал од владата целосно и детално да го истражи случајот и местото на несреќата.

– Пред неколку дена се појавија неколку лица кои го бараа Киптум. Се работеше за четири лица, но не сакаа да се идентификуваат. Побарав да се идентификуваат за да му пренесам, но не сакаа да го напарават тоа и си заминаа. Се надевам дека полицијата и државата ќе го истражат целиот случај, – изјавил таткото на познатиот атлетичар.

– Киптум беше мојот единствен син. Ме остави мене, ја остави својата мајка, својата сопруга, своите две деца. Уништен сум од болка. Зборував со него и пред извесно време ми порача дека ќе дојдат луѓе и ќе ни помогнат да изградиме куќа. Ми велеше и дека е во најдобра форма и дека може да истрча маратон за 1 час и 59 минути, – додал расплаканиот Самсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни