Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул и Феенорд постигнале договор, Слот ќе биде нов тренер на великанот

Објавено

на

foto:twitter.com/sportbible

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул успеал да постигне договор со Феенорд за тренерот Арне Слот кој го води клубот од Ротердам од 2021 година.

Холанѓанецот беше врзан со Феенорд до 2026 година и веднаш стана јасно дека неговиот актуелен тим нема да го пушти без обештетување, па премиерлигашот мораше да седне на маса и да договори обештетување за улсугите.

Доста медиуми пренесуваат дека двете страни си подале рака што значи дека нема никаква пречка Слот да слета на „Енфилд Роуд“ како наследник на Јирген Клоп.

Според информации Феенорд за оваа зделка ќе добие меѓу 13 и 15 милиони евра.

Арне има 45 години и Ливерпул ќе му биде четврти клуб во тренерската кариера, прв надвор од Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни