Поврзете се со нас

Репрезентација

Томовски посочи кој ќе биде клучен фактор за победа над Фарски Острови

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезенатција сака да продолжи да биде дел од големите настани, а за да се случи тоа ќе мора да мине една пречка и тоа во селекцијата на Фарски Острови која ни стои на патот на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Тоа е една селекција која неатрактивно, но во исто време незгодна, репрезентација која напредува и против која избраниците на Кирил Лазаров ќе мора дадат се од себе за да го добијат баражот.

-Името и традицијата велат дека се неатрактивни, меѓутоа ќе биде пеколно тешко. Најважно е што здравствениот билтен е одличен и сите се физички подготвени да одговориме на барањето на селекторот и верувам со ќе се пласираме на СП.

-Играта ни е позната, сме имале голем број на противници со тој стил на игра, тактички ќе одговриме како што кажав брзата транзиција мораме да ја стопираме, имаат играчи кои играт во добри лиги. Играат седум на шест, сите добро го познаваме тој дел ќе знаеме да одговирме на барањето. Верувам дека со добра одбрана, на која да се стремиме можеме да радуваме на крајот, -порача голманот на Вардар, Мартин Томовски.

Првата средба е закажана за 8 мај на гостински терен, реваншот пак е в недела на 12 во СЦ „Борис Трајковски”.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни