Поврзете се со нас

Балкан

Динамо со пресврт до победа на дербито, Ристовски и Адеми блиску до нова титула (Видео)

Објавено

на

Динамо победи со 2:1 на гостувањето кај Риека во дербито на хрватското фудбалско првенство, чиј резултат можеби и го одлучи новиот шампион.

Домаќините поведоа од пенал на стартот на вториот дел, но до крајот тимот на нашите интернационалци Ристовски и Адеми, направи пресврт и сега има значителна предност на табелата.

Пјаца беше реализатор од белата точка во 49. минута за Риека, но најпрвин Петковиќ од слободен удар израмни во 75. минута, за Хоџа во завршницата да ги постави конечните 1:2.

Со овој триумф, Динамо има четири бода повеќе од Риека на четири кола до крајот на шампионатот и сега ќе биде голем фаворит да стигне до уште една титула во домашното првенство.

Ристовски одигра цел натпревар за гостите, додека Адеми влезе во игра во 67. минута, по што Динамо заигра подобро и го направи пресвртот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни