Поврзете се со нас

Европски првенства

„Пеколниот двоец“ на Македонија во трка за МВП на колото во Европа (Фото)

Објавено

на

Foto: kfsm.mk

Квалификациите за Евробаскетот започнаа со низа изненадувања, но и две сосема различни изданија на македонската репрезентација која месец септември го затвора со еден пораз и една победа.

По поразот од Естонија на домашен терен, избраниците на Јончевски одговорија на најдобар можен начин и ја декласираа Полска на нејзин терен со 96:71, пред се благодарение на двајцата играчи кои пристигнаа како огромни засилувања за овој септемвриски циклус.

Ненад Димитријевиќ после подолго време доби дозвола да настапи за репрезентацијата, а покрај него, извонреден беше и новопечениот репрезентативец, Итан Хап.

Натурализираниот Американец беше огромна поддршка за Нено, па сега пеколниот тандем на Македонија е во трка за МВП на колото во европските квалификации.

Димитријевиќ со 32 поени, 8 скокови и 8 асистенции има вкупен индекс од 33, додека Хап со 19 поени, 7 скокови и 5 асистенции има вкупен индекс од 31.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни