Светски првенства
Македонија избра група по мерка за СП во Скопје
Скопје ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство до 20 години претстојниот месец јуни, а денеска нашите ракометарки ги дознаа селекциите со кои ќе се соочат во групната фаза.
Како домаќин на турнирот, нашата репрезентација чекаше ривали од вториот шешир, а исто така имаше право да бира група во која ќе игра на турнирот во македонската престолнина.
Убедливо најдобрата вест пристигна кога последна беше извлечена Ангола како селекција од првиот шешир, па Македонија како домаќин реши да се најде во групата Х.
Покрај Ангола влегува како фаворит, останати две селекции кои ги добивме се оние на Исланд и САД.
Ракометниот мундијал до 20 години ќе се одржи во Скопје од 19-то до 30-ти јуни, за кој може слободно да се каже дека нашите девојки добија група по мерка.
Групи за СП во Скопје:
Група А: Романија, Холандија, Бразил, Иран
Група Б: Швајцарија, Египет, Тунис, Чиле
Група Ц: Унгарија, Кореа, Аргентина, Мексико
Група Д: Данска, Норвешка, Јапонија, Кинески Таипеи
Група Е: Шведска, Чешка, Кина, Алжир
Група Ф: Франција, Германија, Шпанија, ИХФ
Група Г: Португалија, Црна Гора, Гвинеја, Узбекистан
Група Х: Ангола, Македонија, Исланд, САД
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…