Поврзете се со нас

Услови за користење

Содржините, податоците и информациите објавени на „Дерби“ може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и тоа на нивна сопствена одговорност, со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.

Интернет порталот „Дерби“ не им продава на корисниците содржини или услуги за комерцијална употреба и не може да сноси одговорност за пренесените информации.

Порталот „Дерби“ овозможува бесплатно користење на содржините и услугите на заинтересираните корисници со овие Услови за користење кои важат за сите содржини, страници, услуги, интернет домени и поддомени, а кои се наменети за лично информирање.

Со користењето на интернет порталот „Дерби’, неговите страници, содржини и услуги, се смета дека корисниците во секој момент се запознаени со овие Услови за користење и дека во целост ги разбираат и прифаќаат.

Опис на услугите

Основната тематика на содржините објавени на „Дерби“ е спортот, разбран како дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности, од спортисти на сите возрасти, како и спортско-рекреативните активности на граѓаните и поттикнувањето на јавниот интерес од областа на спортот во надлежност на Република Македонија.

„Дерби“ им овозможува слободен информативен пристап до своите интернет страници, на кои поставува содржини напишани на македонски јазик (авторските дела изготвени од редакцијата, како и другите текстови, фотографии и видеа кои се објавени на страниците на порталот, а може да претставуваат промоција на партнерски компании).

Редакцијата на „Дерби“ го задржува правото да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на начелата на овие Услови за користење. Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека содржините на „Дерби“ воедно ќе вклучуваат и реклами, разни известувања за промоции или комерцијални текстови од надворешни партнери.

Корисниците на услугите по свое наоѓање, без присуство на присила или да бидат повлијаени од туѓа волја, можат до редакцијата на „Дерби“ да достават информации за објавување кои се поврзани со спортски настани, за што самите ја сносат одговорноста. Сите самоиницијативно пратени материјали, а посебно фотографии, видеа, текстови и слични авторски материјали (во понатамошниот текст: материјали) можат еднаш или повеќе пати без временско ограничување, но и не мораат, да бидат објавени на порталот и услугите на „Дерби“. Испраќачите прифаќаат дека за испратените материјали нема да биде исплатен никаков хонорар. Сите лица кои самоиницијативно испраќаат материјали гарантираат дека истите претставуваат нивна сопственост и дека ги поседуваат авторските права.

На корисниците на „Дерби“ не им е дозволено:

а) преземање на содржини за објавување на други медиуми, без писмен договор за соработка со правниот субјект кој управува со порталот „Дерби“.

б) доставување на содржини за објавување кои повредуваат туѓи авторски права или кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони,

в) доставување на содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин за

г) лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;

д) манипулирање со информациите со цел прикривање на целосните информации

ѓ) свесно доставување на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;

е) собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници

Авторски права

Содржините објавени на порталот „Дерби“ се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери, или содржини кои се доставени за објавување од физички лица или правни субјекти кои вршат услуги за спортски субјекти или спортисти кои не се во можност самите да доставуваат информации за своите настапи. Сите содржини на „Дерби“ се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола односно договор за соработка.

Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права од страна на порталот „Дерби“, должен е за тоа да достави известување преку официјалната емаил адреса нотираната во полето за контакт.

Линкови кон други интернет страници

Содржините на „Дерби“ можат да содржат и линкови кон надворешни страници на други интернет портали или социјални мрежи, кои кога е можно ќе се означуваат како такви. „Дерби“ нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.

Содржини од огласувачите

„Дерби“ не може да сноси одговорност за содржините на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета, потенцијално настаната од рекламните пораки на комерцијалните партнери на порталот.

Промена на содржините на порталот и услугите

„Дерби“ го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот и услугите без обврска за претходна најава. Притоа, „Дерби“ не може да сноси одговорност за било каква штета настаната од ваквите промени.

Промена на Условите за користење

„Дерби“ го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да сноси одговорност за можни последици кои произлегле од такви промени. Промените стапуваат на сила со објавување на порталот „Дерби“.