Поврзете се со нас

Европски првенства

ФИБА ја прогласи победата на Македонија како најголемо изненадување: Се вратија спомените од 2011. година! (Видео)

Објавено

на

Февруарскиот прозорец на ФИБА донесе големи изннеадувања во воведните две кола од квалификациите за Европското првенство, а водечките луѓе на светската организација избројаа вкупно десет.

ФИБА подготви специјална вест по завршените возбудувања во месец февруари, а на врвот на листата на најголеми изненадување е она кое го креираше Македонија на гостувањето во Полска.

Избраниците на Јончевски одигра перфектен натпревар и ѝ одржаа кошаркарска лекција на селекцијата која заврши четврта на последното Европско првенство, па победата од 25 поени разлика посебно се најде во фокусот на ФИБА и беше означена како најголемо изненадување.

– Македонија во 2011 година оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија, елиминирајќи го домаќинот во четвртфиналето. Во 2022 година, Полска исто така оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето од Европското првенство, елиминирајќи ја Словенија во четвртфиналето.

– Двата „народи на Пепелашка“ се сретнаа во 2024-та година, а исходот од пресметката ги врати спомените од 2011-та година. Црвено-жолтите ја обоија арената и не самошто ја победија Полска, туку тоа го направија со 25 поени разлика, на гостински терен. Ненад Димитријевиќ постигна 32 поени и креираше разочарување за селекцијата која е 44 места подобра на ФИБА листата, – гласи текстот на ФИБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни