Поврзете се со нас

Шпанија

Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам вчера не беше вклучен во составот со кој Реал Мадрид го најави патувањето во Сан Себастијан, но денеска се случи промена и англискиот репрезентативец сепак ќе биде со својата екипа.

Актуелниот лидер во Ла Лига има тешко гостување кај Реал Сосиедад, а Белингам требаше да одмори поради стомачни проблеми кои го измачувале последните неколку дена.

Џуд не се појави на вчерашниот список, но денеска има промена и тој ќе го замени Родриго, кој пак во меѓувреме се разболел и нема да патува за ова гостување.

Очекувањата се дека Белингам нема да биде стартер против Сосиедад, бидејќи екипата и тренерот Карло Анчелоти сега се фокусираат на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Родриго имал симптоми на грип, па затоа е поштеден од патувањето и веројатно ќе биде подготвен за следниот предизвик на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни