Поврзете се со нас

Англија

Невил со прогноза за титулата во Премиер лигата: Се плашам…

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Арсенал и Манчестер Сити се издвоија во трката за титулата во Премиер лигата, поточно направија предност пред Ливерпул кој беше во далеку поповолна ситуација пред две-три кола, но киксовите против Евертон и Вест Хем направија третото место да биде реалност во овој момент.

„Топчиите“ се лидери со еден бод повеќе од Манчестер Сити, но и со еден меч повеќе во однос на актуелниот шампион што значи дека избраниците на Пеп Гвардиола се држат во свои раце, поточно со триумфи на сите преостанати средби сигурно ќе бидат шампиони без разлика на резултатите на составот од северен Лондон.

Гери Невил како стручен аналитичар внимателно ги следи сите случувања и даде своја анализа, прогноза за тоа што може да се случи во оваа завршница.

-Пред неколку недели, кога реков дека Арсенал мора да биде перфектен и штотуку го имаа тој пропуст против Астон Вила, постои неизбежност Сити во оваа фаза од сезоната да ја заврши работата, да знае што треба да направи.

-Тие го имаат тој тежок натпревар против Спарс на хартија за 10 дена, но како што се Тотенхем во овој момент  мислам дека ќе им биде тешко против тимот на Сити кој игра за титулата, тоа ќе биде тешка задача. Додека седам овде овој викенд, Арсенал и Сити играа навистина добро и си ја завршија работата, но се прашувате каде ќе се сврти трката за титулата. Каде е пресвртот? Сити не ви дава пресврти.

-Секогаш велевте во изминатите години, ќе има пресврт и пресврт, нешто ќе се случи, не сум сигурен дека ќе се случи. Она што вообичаено се случува во овие моменти е ако Сити победи во сабота, Арсенал испушти бодови во недела и Сити ја освои титулата во вторник.

-Тоа е она што вообичаено се случува. Може да оди до последниот ден и ако се случи, тогаш тоа значи дека Арсенал го победил Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Ако Арсенал победи на Олд Трафорд, тоа ќе биде пеколна победа. Се плашам дека трката за титулата може да трае повеќе од една недела во вторник. Сакам трката за титулата да оди до последниот ден, страв ми е дека нема тоа да се случи ако Сити победи во сабота против Фулам и Јунајтед одземе бодови на Арсенал во недела.

-Арсенал веќе докажа дека е поинаков тим од минатата сезона, но едноставно се чувствува како неизбежност дека Сити ќе биде совршен до крајот, -порача Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни