Англија
Тен Хаг одговори на провокацијата од Мурињо: Ниту еден друг тренер на Јунајтед не го доби тоа што тој го имаше
Жозе Мурињо се пожали за третманот кој го доби на „Олд Трафорд“ и нагласи дека Ерик Тен Хаг е менаџер кој ужива многу поголема поддршка од хиерархијата во клубот, нешто што според недостасувало во периодот кога тој беше менаџер на Манчестер Јунајтед.
Искусниот португалски стручњак нагласи дека многу работи ќе биле поинакви доколку добиел поддршка каква што добива Холанѓанецот, но Ерик не се согласува со ваквите тврдења и сега му возврати на својот далеку поуспешен колега.
Актуелниот предводник на Јунајтед потенцира дека Мурињо е единствениот тренер кој ги добил сите засилувања кои ги сака по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон, за разлика од сите останати кои мораа да се задоволуваат со играчи кои не беа први опции.
– Исклучувајќи го Мурињо, останатите менаџери не ги добија играчите кои ги сакаа. За еден менаџер да биде успешен, потребно е да ги има играчите кои ги посакува.
– Убеден сум дека со тек на време ќе ги оствариме нашите цели, но Премиер лигата е тешко натпреварување. Веќе не е трка на два тима, има седум или осум тима кои се борат за титулата. За да стигнете до трофејот, мора да имате тим кој бил конструиран со години наназад, – вели Тен Хаг во интервјуто за бразилски „ЕСПН“.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)