Поврзете се со нас

Карате

„Макпетрол“ е најтрофеен клуб во историјата на карате-спортот на Македонија

Објавено

на

Со освоените 15 медали, од кои осум златни, „Макпетрол“ на неодамнешното државно првенство повторно ја истакна својата доминација во карате-спортот. Ова е уште една потврда за фактот дека во периодот од 2001 до годинава, оваа скопска екипа е убедливо најуспешната во земјава. Епитетот најтрофеен е добиен поради најголемиот број освоени медали на сите натпреварувања организирани од националната карате федерација (КФРСМ), Европската (ЕКФ), како и Светската карате федерација (WKF).

Во периодот 2001-2025 година, „Макпетрол” на државни првенства освоил вкупно 953 медали – 409 златни, 289 сребрени и 255 бронзени. Најголемиот број медали клубот ги освоил на сениорските државни првенства, како и на државните првенства за помлади сениори (У21). На овие највисоко рангирани државни првенства, освоени се вкупно 462 медали – 218 златни, 148 сребрени и 96 бронзени.

Екипата на Макпетрол – 2022 година

Во системот на натпревари на КФМ од 2009 година беше воведен дополнителен државен натпревар по Бергер-систем, којшто е еден од критериумите за избор на репрезентацијата. На овој турнир, најдобрите четири спортисти, освојувачи на медали од државното првенство за дадената година, се натпреваруваа секој со секого во својата категорија и победникот од секоја категорија се стекнува со статус државен репрезентативец на Македонија.

Во периодот 2009-2025 година, „Макпетрол“ освоил 358 медали на на овие државни натпрвари. Резултат од ова се 147 членови на скопскиот клуб кои станале македонски репрезентативци и учествувале на Европски и на Светски првенства.

Екипата на Макпетрол - 2012 година

Екипата на Макпетрол – 2012 година

– Сите освоени медали имаат тежина и вредност, но сениорските се највредни и најтешки за освојување, затоа тие во спортот имаат и највисок рејтинг. Во секој спорт, сениорските постигнувања се највисоко рангирани резултати. Клубовите кои имаат сениорски тимови се највисоко рангирани клубови во државата.

– Бројот на освоени медали вo категорија (сениори) го дава точно утврдениот ранг за успешноста на клубот. Може да констатираме дека карате клубот „Макпетрол“ од Скопје е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија – истакнуваат од карате клубот „Макпетрол“.

Екипата на Макпетрол - 2008 година

Екипата на Макпетрол – 2008 година

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни