Поврзете се со нас

Свет

Рованпера триумфираше во Чиле, Тојота ја стопи предноста на Хјундаи

Објавено

на

Фото: Jaanus Ree / Red Bull Content Pool /

Кале Рованпера го заокружи добриот настап на Релито во Чиле со успешен последен натпреварувачки ден и четврта победа во актуелната сезона од Светскиот рели шампионат (WRC).

Финецот најдобро се снајде на незгодните етапи зачинети со густа магла на јужноамериканска територија и со својата Тојота ГР Јарис Хибрид го остави зад себе тимскиот колега Елфин Еванс.

Генералниот пласман на „Рели Чиле Био Био“ открива дека Рованпера на крајот имал предност од 23,4 секунди во однос на Еванс, а клучен момент беше преземањето на лидерската позиција во текот на вчерашниот ден, кога маглата ја минимизираше видливоста на и онака комплицираните етапи.

Фото: Jaanus Ree / Red Bull Content Pool /

От Танак од Хјундаи го комплетираше победничкиот подиум во Чиле, додека актуелниот лидер Тјери Нувил на крајот може да биде и задоволен со четвртото место, кое му е доволно за солидна предност на два рели предизвици до крајот на сезоната.

Нувил има 29 поени предност во однос на тимскиот колега од Хјундаи, Естонецот От Танак и се чини дека е многу блиску до прва WRC титула во кариерата, додека Себастијан Ожие со 41 поен заостанување останува само теоретски во игра за деветти трофеј во кариерата.

Ако нешто стана подраматично по релито во Чиле, тоа е битката за првото место кај констукторите, каде Тојота благодарение на денешниот подиум ја намали негативата на само 17 поени.

Следниот предизвик за учесниците е релито во Централна Европа кое ќе се одржи од 17 до 20 октомври.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни