Екстремни спортови
Црногорците објавија видео од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

Ивица Костелиќ преживеа доста незгодни падови низ сите скијачки центри ширум светот, но дефинитивно, животот на Хрватот ниту еднаш не беше загрозен како изминатава вечер, во која прославениот скијач преживеал петчасовна драма во водите на Јадранското море.
Црногорските медиуми веќе пренесоа информации за спасувачката акција во која беа спасени животите на Костелиќ и еден негов добар француски пријател, па откако беа откриени и детали од целата операција која била изведена од војската и поморската Управа во Црна Гора, најдобрите вести пристигнуваат ова попладне.
Членови на црногорската влада го посетиле Костелиќ во болница, а токму премиерот Милојко Спајиќ ја пренесе и првата порака за благодарност која ја има легендарниот Хрват за целата спасувачка акција.
– Ивица Костелиќ е добро и се опоравува во болницата во Бар. Исклучително е благодарен на црногорската војска за правовремената реакција, како и на медицинските кадри во нашата земја.
– Легендарниот хрватски скијач престојувал на планинскиот масив Проклетие и на реката Бојана, каде ги промовирал убавините на нашите бисери, кои според Костелиќ имаат огромен потенцијал за екстремни спортови. Ивица, повторно да ни дојдеш на гости, – гласи пораката на црногорскиот премиер.
Добрата општа состојба на Костелиќ и неговиот пријател е веста на денот во регионот, бидејќи драмата која доцна синоќа се одвивала во Јадранското море траела речиси пет часа, а Ивица и Французинот избегнале трагедија само благодарение на големата операција во која тие биле лоцирани со термалниот сензор од воениот хеликоптер.
Ivica Kostelić je dobro i oporavlja se u barskoj bolnici. Izuzetno je zahvalan Vojsci 🇲🇪 za pravovremenu reakciju, kao i medicinskom kadru naše zemlje. Legendarni 🇭🇷 skijaš boravio je prethodnih dana na Prokletijama i rijeci Bojani – promovišući ljepote ovih naših dragulja, koji… pic.twitter.com/vY6NKP61Ap
— Milojko Spajić (@MickeySpajic) March 11, 2025
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија17 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Формула 115 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!