Поврзете се со нас

Фед куп

Ѓорческа ја прегази Хелго и најави одлучувачки дубл во дуелот со Норвешка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа имаше убедлив настап во дуелот со Малене Хелго, во рамките на дуелот меѓу Македонија и Норвешка од второто коло на Били Џин Кинг Купот и го најави решавачкиот меч во игра на двојки.

Ѓорческа го доби првиот сет со убедливи 6:0, а доминираше и во продолжението, во кое го доби вториот сет со 6:2 и со тоа ја комплетираше рутинската победа за еден час и го израмни резултатот на 1:1.

Претходно, Магдалена Стоилковска загуби од Улрике Еикери (6:3/6:2), што значи дека победникот меѓу Македонија и Норвешка ќе биде решаван со дубл.

Најавите се дека истите тенисерки ќе ги бранат боите на своите земји и во игра на двојки, но тоа ќе биде потврдено во пресрет на почетокот на мечот.

Македонија и Норвешка имаат по една победа и ова е дуел кој веројатно ќе одлучува и за првото место во групата, па и можен напредок во поелитната прва група во Били Џин Кинг Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни